Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Неуромедика и ФК Вардар ја продолжуваат соработката
Неуромедика и ФК Вардар ја продолжуваат соработката

Неуромедика и ФК Вардар ја продолжуваат соработката

Неуромедика и ФК Вардар ја продолжуваат соработката. Клубот на официјалната страница го изнесе следново:

Тимот на “Неуромедика”, на чело со директорот, д-р Емил Угриновски, во минатото секогаш отворено застанувал зад црвено-црното семејство и вредностите кои што нашиот клуб ги застапувал.

Ја известуваме целокупната јавност дека соработката помеѓу ФК Вардар и болницата Неуромедика продолжува. Во името на клубот, се заблагодаруваме за искрениот пристап и за помошта, која во овој момент има огромно значење за нас.

Нека биде ова пример за сите останати. Време е сите да се обединиме, за клубот на народот.