Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар со младите екипи ќе земе учество на три силни меѓународни турнири во нашата земја
ФК Вардар со младите екипи ќе земе учество на три силни меѓународни турнири во нашата земја

ФК Вардар со младите екипи ќе земе учество на три силни меѓународни турнири во нашата земја

Најтрофејниот македонски клуб со своите млади екипи веќе го потврди учеството на три силни меѓународни турнири, кои ќе се одиграат во месец септември.

Нашиот клуб ќе земе учество на „Илинден Куп 2023“ кој го организира фудбалската школа на Грозданоски, потоа на „Кул Куп 2023“ во организација на фудбалскиот клуб Кул, како и на „ЊустарсКуп2023“ во организација на ФК Њу Старс.

Се работи за силни меѓународни турнири, на кои покрај најдобрите екипи од Македонија, ќе гледаме и познати клубови од Балканот, но и од други земји.