Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар потпиша со младиот кадетски голман, Дамјан Стојковски
РК Вардар потпиша со младиот кадетски голман, Дамјан Стојковски

РК Вардар потпиша со младиот кадетски голман, Дамјан Стојковски

Вложувањето во младите категории и создавање на силна и здрава конкуренција е еден од приоритетите на РК Вардар. Како дел од промените кои сезонава се случија во клубот и почнаа „позитивни ветришта“ заложбите на управата се и ангажирање на млади и талентирани ракометари.

Кадетскиот голман Дамјан Стојковски (16) потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим. Тој е веќе со тимот на Вардар на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент.

Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивно коментари за Стојковски и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.

Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории и сите се пријавени во системот на РФМ. Покрај задолжителните пионерски категории, Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација.

Младите ракометари постојано изразуваат желба да бидат дел од Вардар каде добиваат услови и шанса за напредување.