Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Неуспешна контрола пред Апоел, Вардар поразен од Динамо (1:4)
Неуспешна контрола пред Апоел, Вардар  поразен од Динамо (1:4)

Неуспешна контрола пред Апоел, Вардар поразен од Динамо (1:4)

Нашиот шампион не успеа да направи изненадување против Динамо и да извлече поволен резултат.Загреб беше подобар противник и на крајот сосема заслужено забележи победа со резултат 4:1.

Динамо поведе во 9 минута со голот на Соудани. Радоста на Хрватскиот првак не траеше долго време.Црвено-црните брзо се вратија во игра, па во 18 минута со голот на Блажевски го изедначија резултатот на 1:1. До крајот на првото полувреме, Загреб воглавно ја имаше иницијативата и создаваша повеќе шанси пред нашиот гол. Сепак можеби најголемата прилика во овој дел од мечот ја имаше Хамбарџумјан кој ја погоди гредата од голот на противникот. При еден прекин Николов ја нафрли топката, Хамбарџумјан беше највисок во скокот, но неговиот удар со глава заврши само во гредата. Во 30 минута своја прилика за гол има и Динамо Загреб, при една акција на нивните играчи, Рог упатува удар кој го блокираат нашите дефанзивци и завршува покрај голот на Пачовски. Во 51 минута нападите на Хрватите донесуваат резултат од 2:1. Стрелец на погодокот е Фернандес. Четири минути подоцна ја погодуваат и пречката од нашиот гол. Памиќ од слободен удар го префрла живиот ѕид, но топката не завржува во мрежата на Вардар. Првото полувреме завршува со резултат 2:1.

Во вториот дел се играше повнимателно, играта се одвиваше главно на средината на теренот но без некои поголеми шанси да се постигне гол. Овој резултат беше актуелен до 90 минута, кога Хрватскиот шампион повторно успева да ја затресе нашата мрежа и да зголеми на 3:1. Стрелец на голот беше Гојак. Само дванаесет минути подоцна, успеавме да си постигнеме автогол преку Најдоски. за веќе висока негатива од 4:1. Поразот ќе беше повисок ако на голот не беше Гачевски, кој во 105 минута успева да одбрани чист погодок. Пјача при една одлична акција сам изби со Гачевски, кој беше поуспешен на крајот. До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет и заврши со резултат 4:1. Вардар имаше неуспешна контрола пред дуелот со Апоел во ЛШ. Следи враќање во Скопје и продолжување на припремите пред важниот меч.

Почетен состав:28. Пачовски, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 15. Д. Велковски, 87. Грозданоски, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 16. Глигоров, 21. Фелипе, 9. Блажевски, 22. Ивановски.

Резерви: 90. Гачевски, 3. Попов, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 11. Асани, 14. П. Петковски, 17. Стојков, 24. Темелков, 26. В. Велкоски, 27. Аломеровиќ, 31. Ф. Петковски, 32. Глишиќ, 34. Најдоски, 45. Миранјан, 77. Брдаровски.