Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги заврши подготовките во Австрија, со една победа, два нерешени дуели и два порази
Вардар ги заврши подготовките во Австрија, со една победа, два нерешени дуели и два порази

Вардар ги заврши подготовките во Австрија, со една победа, два нерешени дуели и два порази

Со последниот тест натпревар против Хрватскиот шампион-Динамо Загреб, екипата на Вардар ги финишираше подготоките во Австрија кои траеа околу две недели. Вардаровата експедиција започна со припреми во Автсрија на 18 јуни и во изминатиов период одигра пет контролни натпревари. Беше забележан еден триумф против Капфенберг(2:1), два нерешени резултати со Волфсбергер и Пушкаш Академија(1:1) и два порази од Терек Грозни(0:1) и на вчерашниот меч со Динамо Загреб (1:4). Беа постигнати само пет погодоци, што значи во просек по еден на натпревар а примивме дуру осум, најмногу на последниот и најсилен тест дуел. Дејан Блажевски беше најдобар стрелец, каде успеа да постигне два гола. Петар Петковски, Јасир Асани и Филип Ивановски по еднаш се запишаа во листата на стрелци.

Сите играчи кои беа дел од овие припреми добија можност да заиграат и шанса за докажување. Тука се и новите засилувања Велковски, Мијушковиќ и Фелипе кои се приклучија на припремите во Австрија. Импресиите и впечатоците од овие припремни мечеви не се баш позитивни и задоволителни. Се очекуваше сигурно повеќе од избраниците на Сергеј Андреев, ако се има предвид дека се засиливме со неколку квалитетни фудбалери. Добра работа е што новите засилувања покажаа завидно ниво на квалитет, кои ветуваат на добри партии во црвено-црниот дрес. Ова посебно се однесува за гореспоменатите тројца нови поединци, вклучувајќи го и играчот од средниот ред Николов. Новиот голман Гачевски исто така ги искажа своите квалитети на мечевите каде доби шанса за настап пред првиот чувар на мрежата Пачовски, или кој влегуваше како негова замена. Засега останаа некако во “сенка“ Стојков и Брдаровски кои можеби и не добија вистинска шанса да заиграат, или пак уште не се вклопија целосно во новиот тим. Стручниот штаб сеуште неможе да смета на услугите на капитенот Златко Таневски и Матеја Кобетиќ кој се повреди на самиот старт на припремите во Австрија. Дарко Глишиќ полека се враќа во играчката форма и се очекува се повеќе да добива шанса во тимот. Сите други играчи му беа на располагање на рускиот предводник на клупата на црвено-црните.

Тренерот Андреев се обиде да ја пронајде вистинската екипа пред мечот со Апоел, испробувајќи различна формација која не бевме навикнати да ја гледаме изминатава сезона. Со тројца стопери во дефанзивната линија, пет играчи во средината од кои двајца треба да помогнат на одбраната и двајца најистурени напаѓачи. Се надеваме дека нашиот тренер ќе ја избере и излезе со вистинската 11-тка во дуелот со Апоел во ЛШ. Време нема уште многу, затоа треба максимално да се искористи периодов кој следи да се корегираат грешките што се правеа на овие припреми и да се подобрат многу работи. Екипата денес се враќа во Скопје, каде сигурно ќе добие некој ден за одмор. После тоа повторно се враќаат на тренинзи, а може и да одиграт уште еден пријателски натпревар, како последно испробување на силите и формата пред 14-ти јули и мечот во Кипар со Апоел.