Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младинките продолжуваат со подготовките, пред Европското првенство во Шпанија
Младинките продолжуваат со подготовките, пред Европското првенство во Шпанија

Младинките продолжуваат со подготовките, пред Европското првенство во Шпанија

Нема одмор за младинската женска ракометна репрезентација до 19 години која напорно се подготвува за престојното Европско првенство, кое ќе се игра во Шпанија (Валенсија) . Оваа селекција има секој ден по два тренинга каде се работи на воигрување и тактичкиот дел. Се испробуваат различни варијанти на игра во нападот и одбраната. Се работи и на физичката подготовка, каде девојките трчаат на стадион и посетуваат теретана, која е во склоп на С.Ц. Јане Сандански каде и се одржуваат тренинзите.

Изминатиов викенд, избраничките на Симе Симовски одиграа два контролни натпревари во Габрово со селекцијата на Бугарија и на двата дуели забележавме победи. Првиот меч заврши со резултат 21:19 и вториот во наша корист со 19:18. Беше планирано со истиов противник да се одиграа два натпревари и тука во Скопје, но може да дојде до промена и тоа да не се случи. Пред заминувањето во Шпанија, може да се одигра уште некоја пријателска утакмица со некоја друга репрезентација.

За Шпанија се планира да се тргне на 19-ти јули, а ЕП започнува на 23-ти јули и ќе трае се до 2 август. Македонија е во група заедно со репрезентациите на Русија, Германија и Литванија. Нашата селекција во најголем дел ја сочинуваат ракометарки кои доаѓаат од Вардар. Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Нина Бојаџиска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Ангела Петровска, Теодора Керамитчиева, Стефанија Мишеска и Наташа Нолевска, се девојките кои изминатата сезона го носеа црвено-црниот дрес.