Еден од јунаците на дуелот со Малме во Струмица беше интернационалецот од Ерменија, Тигран Барсегјан. Барсегјан одигра одличен натпревар, беше творец на пресвртот на својот тим. По овој натпревар и тој како и другите колеги со свои импресии.
“Првите минути од натпреварот го одигравме многу лошо, но потоа покажавме и докажавме како треба да се одигра. Доколку играме како во вториот дел и на наредните натпревари, никој нема да може да не победи. Не е важно кој е стрелец, важно е што победивме, сега се насочуваме кон Копенхаген”, – рече Барсегјан