Вардар покрај големиот успех и пласманот во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите и добро заработи. Со самото поминување на тимот на Малме, Вардар ќе заработи преку 580.000 евра само од УЕФА, тука треба да влезат уште и приходите од тв правата, билетите и слично.
Овие средства Вардар може да ги искористи во доведување на нови играчи кои ќе го подобрат тимот пред дуелите со Копенхаген или пак со некој тим од Лигата на Европа во плеј-офот.
Против Копенхаген, Вардар првата средба ќе ја игра на гостински терен на 25 или 26 јули.