Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Розенберг: Елиминацијата од Вардар е големо разочарување и шок за целата екипа
Розенберг: Елиминацијата од Вардар е големо разочарување и шок за целата екипа

Розенберг: Елиминацијата од Вардар е големо разочарување и шок за целата екипа

Црвено-црните го слават пласманот во следната рунда од лигата на шампионите, откако успеаа на реваншот во Струмица да ја победат екипата на Малме. Иако противникот имаше предност по првите 45 минути, Вардарци со голем стил се вратија во второто полувреме и со три погодоци на крајот успеаа да слават многу голем триумф. Ниту повратникот во екипата, Розенберг не им помогна на Малме да стигнат до позитивен резултат, иако Шведскиот напаѓач го постигна единствениот гол за својот тим. Тој изјави дека ова е големо разочарување и “шок„ за неговата екипа, после раната елиминација во лигата на шампионите.

-Ова е големо разочарување за нас, особено поради фактот што имавме водство на полувреме. Повеќе мислевме што можеме да загубиме, отколку што ќе добиеме доколку обезбедиме пласман во следната фаза. Мора да се вратиме посилни, но ова ќе нѐ боли долго време. Целата соблекувална е во тотален шок и разочарување, рече Маркус Розенберг.