Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пехрсон: Од пеналот ја препуштивме иницијативата на противникот, нешто што не смеевме да си го дозволиме
Пехрсон: Од пеналот ја препуштивме иницијативата на противникот, нешто што не смеевме да си го дозволиме

Пехрсон: Од пеналот ја препуштивме иницијативата на противникот, нешто што не смеевме да си го дозволиме

Вардар направи големо изненадување, го “фрли” тимот на Малме на колена. Нашиот шампион иако одигра слаб прв дел, сепак во вториот се консолидираше и постигна три погодоци за целосен пресврт. Шведските медиуми веќе на големо ги напаѓаат играчите на Малме, а по поразот од Вардар нивниот тренер Пехрсон изјави:

Започнавме одлично, токму како што сакавме ние и нападнавме од самиот почеток. Од пеналот ја препуштивме иницијативата на противникот нешто што не смеевме да си го дозволиме. Тие ја контролираа топката и изнудија голем број на прекршоци. Во првиот дел не реализиравме две огромни шанси, кои доколку ги реализиравме ќе бевме во идното коло. Истото се случи во првиот натпревар, но мораме да го прифатиме крајниот резултат – изјави тренерот на Малме Магнус Пехрсон.