Вардарци успеа на реваншот во Струмица да ја совладаат екипата на Малме и да се пласираат во третото квалификациско коло од лигата на шампионите. Со пресврт во второто полувреме, црвено-црните на крајот се радуваа на големата победа и со севкупен резултат од 4:2 успеаа да продолжат понатаму. Повторно во листата на стрелци се запиша Бобан Николов, за кој ова беше втор погодок во дуелите со Малме. Останатите два погодоци беа дело на капитенот Грнчаров и Барсегјан. Николов беше човекот кој ја запечати победата, со гол во 90-сетата минута од мечот.
-Одигравме еден солиден натпревар. Првите петнаесет минути ги одигравме во “грч„, каде примивме гол кој беше од сомнителен пенал. Во второто полувреме се разбудивме, се виде дека имаме доминација на теренот и бевме подобри од Малме. Игравме во високо темпо. Дадовме еден гол, но не застанавме, покажавме карактер и дадовме нов гол. Противникот потоа малку не притисна, но тргнавме во контра. Среќен сум што дадов гол, најважно е што се пласиравме понатаму. Погодокот ме радува, но било кој да го направеше тоа за доброто на Вардар ќе бев среќен. Вардар ова го заслужува се мачевме три години за овој момент. Изгинавме на терен ипокажавме како се игра за црвено-црниот дрес, изјави Николов.