Wednesday ,30 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Апостоловски, Здравковски, Курти и Фидановски се старо-нови засилувања за Вардар

Апостоловски, Здравковски, Курти и Фидановски се старо-нови засилувања за Вардар

received_1625000761014535

После две години поминати во Академијата на ФФМ, четворица играчи се решија да се вратат во Вардар. Се работи за голманот Илија Апостоловски, потоа Симеон Здравковски, Арбин Курти и Зоран Фидановски.

Се работи за репрезентативци на македонската репрезентација до 16 години, кои треба да претставуваат големо засилување за генерацијата 2005 на ФК Вардар, која во новата сезона ќе биде под водство на Драган Стефановски-Гаге.

Во новата натпреварувачка сезона, оваа генерација на Вардар ќе се натпреварува во рамките на помладата пионерска Супер лига.