Македонската фудбалска репрезентација во периодот од 18-23-ти април ќе биде домаќин на УЕФА развојниот турнир за репрезентации до 16 години. Покрај Македонија, на истиот учество ќе земат и Романија, Израел и Лихтештајн. Првиот натпревар на тренинг центарот “Петар Милошевски“ го играме на 19-ти април со почеток од 15:30 часот против селекцијата на Лихтештајн.
За овие натпревари селекторот, Горан Станиќ во составот повика и двајца играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот, Матеј Андов и Бојан Димоски и двајцата настапуваат за помладите пионери на црвено-црните.
Овие контролни натпревари ќе послужат како подготовка за предизвикот наречен октомвриски квалификации, за пласман во елитната фаза на УЕФА. Тука ќе се натпреваруваме против репрезентациите на Словачка, БИХ и Молдавија.