Само двајца стручњаци од Македонија се наоѓаат на листата од 1.000 најдобри тренери во светот според „coachworldranking“. Првото место му припаѓа на екс тренерот на Вардар, Седлоски кој ја завзима позицијата број 562. Иако поранешниот тренер на Вардар нема ангажман веќе подолго време сепак е најуспешен тренер во Македонија.
Втор на оваа листа е сегашниот предводник на Вардар, Чедомир Јаневски. Чеде се наоѓа на 629 место на оваа листа.
Покрај овие двајца тренери, други стручњаци од Македонија нема во топ 1.000 во светот.