СЕХА го избра идеалниот тим на ова натпреварување за месец декември. Вардар убедливо се наоѓа на првото место на табелата, со 12 победи од исто толку одиграни натпревари и веќе може да се прогласи за учесник на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Хорхе Македа е единствениот играч од Вардар, кој доби место во идеалниот тим како најдобар десен бек, за месец декември. Македа на пследниот дуел за оваа година, на гостувањето кај Горење Велење, меч на кој црвено-црните славеа триумф, заедно со Циндриќ беа најдобри стрелци со по 7 постигнати голови.
Ова е најдобриот тим во СЕХА-лигата, за последниот месец од 2017 година:
Лево крило: Јакуб Хрстка (Татран Прешов)
Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек: Јака Малус( Целје П.Л)
Десен бек: Хорхе Македа (Вардар)
Десно крило: Павле Бандука (Динамо Панчево)
Пикер: Жарко Пешевски (Металург)
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Тренер: Бранко Тамше (Целје П.Л.)
.