Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Влатко Кулуковски: Нема големо достигнување, без голема љубов спрема фудбалот и многу труд
Влатко Кулуковски: Нема големо достигнување, без голема љубов спрема фудбалот и многу труд

Влатко Кулуковски: Нема големо достигнување, без голема љубов спрема фудбалот и многу труд

Во следното наше интервју ве запознаваме со одбранбениот играч на Вардаровата генерација родени “2005“ година. Се работи за Влатко Кулуковски, кој настапува за екипата на Вардар (2) во детската лига, со која минатата сезона го освои третото место, додека неговите соиграчи од Вардар (1) успеаа да станат шампиони на Македонија. Влатко има важна улога во добрите резултати на оваа генерација, која и оваа сезона атакува на одбрана на трофејот. Тој покрај дефанзивни карактеристики, знае често да направи опасности и по противничките голови. Во есенскиот дел од сезоната за Вардар (2) успеа да постигне четири голови.

1. На колку години започнавте да играте фудбал и што беше пресудно да се одлучите за да се занимавте со овој спорт ?

-Започнав на пет годишна возраст и желбата кон овој спорт се роди речиси само што проодев. Уште од мал ги гледав фудбалските натпревари на големите клубови, фан сум на Арсенал и сакав да станам фудбалер.

2. Кој е вашиот прв клуб каде започнавте да играте и кој има најголема улога во вашиот развиток ?

-Од самиот почеток кога почнав сум во најдобриот клуб Вардар и голем впечаток во мојата фудбалска игра како тренер остави Игор Кралевски.

3. Минатата сезона вашата генерација успеа да стане шампион на Македонија, дали верувавте во ваков успех?

18698131_1847917748804347_2949292585505411115_n

-Минатата сезона двете екипи забележувавме победи. Вардар (1) со максимален број на победи стана шампион во детската лига, додека ние, Вардар 2 освоивме трето место на завршниот турнир. Лично сметам дека дадовме се од себе и овој успех ни претставуваше само поголем мотив да бидеме поуспешни во оваа натпреварувачка сезона.

4. Како Влатко ја гледа фудбалската игра и кои работи се најбитни за еден играч во иднина да биде успешен?

-Според мене нема големо достигнување без голема љубов спрема фудбалот и многу труд, после тоа  добри тренинзи , комуникација на терен, како и дисциплината, која е многу важна за секој од нас од играчите на теренот. Без разлика што играме во текот на натпреварот сме задолжени за исполнување на одредена задача од страна на тренерот.

22688471_10213439311834052_3943273089785325765_n

5. Кој е вашиот синоним кога ќе слушнете за името Вардар ?

. Вардар ми е синоним за фудбалот, како најголем спортски бренд во нашата држава. Сите најголеми успеси во фудбалот и ракометот во Македонија, се поврзани токму со Вардар.

6. Оваа сезона имате можност да работите со тренер како Ане Андовски, од кој сигурно имате многу да научите ?

-Тренерот Андоновски е тренер од кој можеме многу да научиме. Останува на нас да бидеме само послушни и да го следиме за време на тренизите и натпреварите. Неговото искуство секако дека е непроценливо, во нашето правилно насочување за време на играчката кариера.

141-660x330-660x330

7. Во есенскиот дел, двете екипи на вашата генерација имаа само еден пораз. Како го оценувате есенскиот дел од сезоната ?

-Задоволен сум од изминатата полусезона, од нашата игра и резултатите и се надевам дека во пролетниот дел ќе играме уште подобро и дека ќе забележуваме само победи. Нашата цел е јасна, а тоа е одбрана на трофејот во детската лига и сметам дека имаме квалитет да го повториме успехот, а зошто да не играме и двете екипи во големото финале. 

8. Со оглед дека играте во одбраната, дали сметате дека тоа е вашата идеална позиција на теренот, на која се гледате и во иднина, и дали имате некоја цел која саката да ја остварите ?

-Засега сум задоволен од мојата позиција и ќе се трудам да бидам се подобар и подобар. Во иднина би сакал да станам професионален фудбалер, се разбира дека ќе се дадам се од себе да ја остварам таа цел.

Звонко Ивановски