Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар завршија на 7.место на “Трофеј Белград“, тие на турнирот настапија во конкуренција на повозрасни екипи
Кадетките на Вардар завршија на 7.место на “Трофеј Белград“, тие на турнирот настапија  во конкуренција на повозрасни екипи

Кадетките на Вардар завршија на 7.место на “Трофеј Белград“, тие на турнирот настапија во конкуренција на повозрасни екипи

Денес  кадетките на Вардар  на новогодишниот турнир „Трофеј на Белград 2017″ беа дел од  разигрувањето за пласман од 5. до 8. место. Девојките на Драгана Ристoва  се сретнаа со екипата на Крка, во дуел во кој на полувреме губевме во вториот дел се издигнавме и одигравме реми 15-15. По изведување на пеналите бевме поразени.

Нашиот противник на почетокот поведе со 2-0, ние успеавме да вратиме и намаливме на 2-1. Следеше серија 3-0 со која противникот се одлепи на комотни “плус четири“, 5-1. Повикавме минута одмор и се консолидриавме, следеше серија на црено-црните, со добра игра во поле напраивме серија 1-4 со која дојдовме на минимална негатива, 6-5. Во последните минути од првиот дел пак противникот беше подобар и успеа да одмор да замине со три гола позитва.

Сепак нашите девојки не мислеа да се предадат и во вториот дел тргнаа на се или ништо. Со три последователни гола успевме да изедначиме на 9-9 по 5.минути игра и наговестивме дека ќе се бориме до крај на овој натпревар. Давата тима се бореа за да обезбедат преност, но резултатот постојано беше изедначен, најпрвин 11-11, па 12-12, 13-13 и во финишот влеговме со резултат 14-14 на семафорот. Во последните минути поведовме со 15-14, но противникот изедначи и го однесе дуелот во “пенал рулет“.

За жал на пенали поуспешна беше екипата на Крка со што ние се пласиравме на 7.место на овој турнир. Игравме во генерација 2001 со девојки кои се помали две години од своите ривалки. Девојките одиграа одличен турнир кој го почнаа со две победи во групата. На денешниот дуел Седлоска беше прв стрелец со 4 гола, Ѓорѓиевска имаше 3, по два гола имаа: Колароровска и Галевска, а по еднаш погодија Сотировска, Гроздановска, Петковска и Арсова.