Нашиот фудбалски шампион на 16 јануари заминува за Анталија, каде ќе ги одбработи зимските подоготовки и тука ќе остане се до 5-ти февруари. Претходно десетина дена ќе тренира на комлексот во населбата Хиподром. Вардарци ќе имаат пеколно темпо во Анталија, каде ќе одиграат шест контролни натпревари. Вече се познти противниците, како и распоредот и термините на одигрување контролни натпревари. Се работи за силни противници, а овие мечеви се добредојдени за црвено-црните пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде Вардар се бори на два “фронта“, во полуфиналето на купот и во првенството, каде има осум бодови помалку од лидерот Шкендија.
Ова е распоредот на одигрување натпревари во Анталија:
20.01. – Пахтакор (Узбекистан)
23.01. – Берое (Бугарија)
27.01. – Черноморец Одеса (Украина)
31.01. – Залгебје Лубин (Полска)
03.02. – Словачко (Чешка)
04.02. – Дукла Прага (Чешка)