Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан: Додека постои и најмала шанса, ќе се надевам дека ќе можам да и помогнам на својата репрезентација на ЕП
Борозан: Додека постои и најмала шанса, ќе се надевам дека ќе можам да и помогнам на својата репрезентација на ЕП

Борозан: Додека постои и најмала шанса, ќе се надевам дека ќе можам да и помогнам на својата репрезентација на ЕП

Најдобриот ракометар на Црна Гора и најдобар стрелец на Вардар во Лигата на Шампионите, Вуко Борозан имаше пред една недела имаше сообраќајна несреќа, која ќе го одалечи од терените и ќе биде неизвесен за настап на Европското првенство во Хрватска. Вуко е свесен за ситуацијата, но верува дека ќе може да и помогне на својата репрезентација.

-Тоа се детаљи на кои не може да се влијае. Жал ми е што се случи, но глупаво ми е сега да зборувам, кога се е завршено. Тешко ми падна најмногу поради репрезентацијата. Постои голем хематом, свесен сум поради тоа и дека невозможно ќе биде да заиграм на ЕП. Сепак, јас ќе се надевам се додека постои и најмала шанса за тоа. Не сакам да се предадам.

Се уште се зборува за историскиот успех на Вардарци во годината која полека изминува, зад која оставааат дури пет трофеи, од кои најголемиот е од освоената Лига на Шампиони.

-Многу ме прашуваат дали верувавме во таков исход, но ние ако немавме верба во нашите можности, немаше да го постигнеме тој успех. Вистина е дека сите останати имаа некаква предност пред нас, но се чувствуваше некоја позитивна енергија меѓу ракометарите, верба и сето тоа не носеше до тој подвиг. Да бидам искрен, ниту сега не знаам да опишам што направивме, бидејќи тоа е чудо. Како е да се биде на врвот на Европа, да се подигне тој трофеј, навистина не можам да опишам со зборови, истакна Борозан.