Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри потези, во 2017 година
(ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри потези, во 2017 година

(ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри потези, во 2017 година

Повеќе од десеттина години, Арпад Штербик настапува во Лигата на Шампионите. Во својата кариера, Штербик има настапувано за екипите на Веспрем, Судидад Реал, Барселона и моментално во Вардар. ЕХФ направи преглед на најдобрите потези на играчите кои подолго време се присутни на Европската сцена. Меѓу нив е и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој остави значаен белег во освојување на Европската круна на црвено-црните, а со клубот освои уште четири други трофеи во 2017 година.

Во овој избор на ЕХФ се најдоа и голманите на Фленсбург, Киелце и Монпелје, Матијас Андерсон, Славомир Шмал и Тиери Омејер, потоа хрватот Игор Вори, словенецот, Урош Зорман, унгарецот Ласло Наѓ и други.