Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс најдобар стрелец на Летонија на турнирот во Рига, на кој неговата селекција го освои третото место
Кристопанс најдобар стрелец на Летонија на турнирот во Рига, на кој неговата селекција го освои третото место

Кристопанс најдобар стрелец на Летонија на турнирот во Рига, на кој неговата селекција го освои третото место

Изминативе денови, ракометната репрезентација на Летонија за која настапува Даинис Кристопанс беше дел од турнир во својата земја, односно во главниот град Рига, на кој го освоија третото место. Тие на целокупниот турнир одиграа три натпревари, на кои забележаа една победа, пораз и нерешен резултат, доволно за третата позиција на крајот од турнирот.

Десниот бек на Вардар, Кристопанс беше еден од најдобрите играчи на својата репрезентација на споемнатиот турнир. Во поразот од Холандија (24:29), “џинот“ на Летонија и црвено-црните постигна три голови. Потоа следуваше прв триумф на турнирот и тоа против селекцијата на Естонија (24:21), на кој Кристопанс постигна дури 7 голови, додека исто толку пати стрелаше и на последниот натпревар на турнирот против селекцијата на Египет (26:26).

На тој начин Кристопанс заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата, Туминскис го завршија турнирот како најдобри стрелци на Летонија, со идентични 17  постигнати голови.