Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови победи за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига
Две нови победи за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига

Две нови победи за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига

Две победи за вардаровата генерација “2006“ во рамките на денешното коло од детската фудбалска лига. Совладани беа екипите на Шкупи и Спорт Ефе.

Вардар (1) полесно од очекувањата го доби дербито против екипата на Шкупи, дуел на кој бевме многу подобри од противникот. По само неколку минути игра ја пробивме противничката одбрана, кога погоди Алтин Алији, за водство на Вардар од 1:0. Обид имаше и Сековски, но топката заврши во рацете на голманот. Избраниците на Сашо Јанев го зголемија резултатот на 2:0, а повторно реализатор е Алији, на асистенција од Нуман. По првото полувреме имавме водство од 3:0, со првиот гол денес на Кристијан Галевски, играчот погоди од пенал, откако екипата од Чаир направи три корни.

Прва прилика во вториот дел е за Марко Николовски, чиј удар го одбрани голманот, но не и во вториот обид кога истиов игра се запишува во листата на стрелци за зголемување на резултатот на 4:0. Почесен гол и за екипата на Шкупи, кои не го постигнаа тие, туку авто гол на Вардар, за намалување на 4:1. Продолживме со иницијатива на теренот, а во шанси се најдоа Николовски кој погоди статива, како и Алији кој шутира покрај голот на противникот. Стигна и петтиот гол за Вардар, а него го постигна Дарко Сековски, за зголемување на резултатот на 5:1. Во листата на стрелци се запишува и борбениот Михаил Николов, кој со својот прв гол му носи висока предност на својот тим од 6:1. Шкупи речиси и да беше безопасен, а нашиот голман Андреј Данстак немаше многу работа на овој меч. Коловски немаше среќа, кога со глава по нафрлената топка ја погоди само стативата. Сепак црвено-црните повторно ја тресат противничката мрежа за зголемување на 7:1, со хет-трик на Алтин Алији. До крајот на дуелот проследивме уште два гола. Најпрво на 8:1 зголеми Стефан Коловски, за конечнот резултат од 9:1 на овој меч да биде дело на Дарко Сековски.

Победа во денешното коло и за Вардар (2) кој го совлада тимот на Спорт Ефе. На овој дуел прв во водство дојде противничкиот тим, кој го отвори резултатот за 0:1 и тоа со удар од белата точка. Веднаш во следната акција, црвено-црните го израмнуваат резултатот на 1:1 со погодокот на Максим Цониќ. Во следниот период се обидоа Миовски и Цониќ, но нивните удари одат покрај голот на Спорт Ефе. Танчев немаше среќа кога ја погоди стативата, но затоа противникот повторно доаѓа во предност од 1:2 по наша “заспаност“ во одбраната. Имавме можност да вратиме преку Настевски, кој ја погоди пречката. Затоа истиов играч се запишува во листата на стрелци и носи израмнување на 2:2, откако ја погоди мрежата на одбиена топка, претходно шутираше Миовски. По првиот дел резултатот беше 2:2.

Прв обид во вториот дел имаше Марко Митев, но голманот на Спорт Ефе го одбрани ударот. Предност прва за Вардар на овој дуел носи Максим Цониќ, кој со вториот гол денес им донесе водство на црвено-црните од 3:2. Бевме далеку подобри во второто полувреме, а дефинитивно немавме среќа, кога Танчев ја погоди стативата, додека Миовски Александар шутира само покрај голот. Посигурна предност на Вардар му донесе Михаил Танчев, кој прв пат денес погоди за предност од 4:2. Гол и за Миовски, кој вече зголеми на 5:2 и го реши победникот на овој дуел. Имавме можност за шестти гол, но Марко Митев шутира високо над голот при удар од белата точка.