Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Десетта победа за Вардар (3) во повозрасната генер. “2006“ , на мечевите од детската лига
Десетта победа за Вардар (3) во повозрасната генер. “2006“ , на мечевите од детската лига

Десетта победа за Вардар (3) во повозрасната генер. “2006“ , на мечевите од детската лига

ФК Вардар (3) од генерацијата родени “2007“ година се вратија на победите во рамките на групата во која се натпреваруваат со екипи кои се повозрасни, односно родени “2006“ година. Избраниците на Томче Трајановски одиграа одличен натпревар против Скупи и забележаа висок триумф со резултат 7:0

Првите директни удари кон противничкиот гол ги имаа Младеновски кој шутира над голот и Томовски, чиј удар заврши покрај голот. Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Петар Мицевски, кој се најде на вистинското место, откако од корнер нафрли Томовски. Следеа пет минути во кои Скупи имаше две шанси, од кои првата беше многу сериозна, но Лука Јаневски со одлична одбрана спречи израмнување. Уште еднаш се закани противничкиот тим, но повторно Јаневски успешно одбрани. Нова асистенција на Томовски, но овој пат до Младеновски, кој погодува за предност од 2:0. Доминиравме на теренот и постојано создававме шанси за постигнување голови. Таква една од нив искористи најмладиот на денешниот меч, Александар Грашески кој го зголеми резултатот на 3:0. Од прекин обид за Скупи, но Јаневски ја прибра топката во своите раце. Добрата игра во првиот дел ја крунисува Златко Радески, кој со својот прв гол денес му донесе водство на Вардар од 4:0, резултат со кој се замина на краток одмор.

Во второто полувреме првата поизгледна прилика ја имавме преку Младеновски кој ја погоди стативата, додека директен удар имаше и Скупи, но денес Јаневски Лука не дозволи да се затресе неговата мрежа. Затоа црвено-црните постигнуваат петти гол, кој е дело на Младеновски Стефан, по асистенција на Грашески за предност од 5:0. И покрај високиот резултат не помисливме да се повлечеме и ја игравме својата препознатлива игра. Во листата на стрелци се запиша и Милош Спасовски, за 6:0, додека конечните 7:0 на овој дуел беа дело на Борјан Томовски, кој денес заслужи да постигне гол.

Ова беше вкупно десетта победа за Вардар (3) кој има само и уште еден нерешен резултат.