Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за најмладите генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига
Победи за најмладите генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига

Победи за најмладите генер. “2009“ и “2010“ на ФК Вардар, во денешното коло од детската лига

Денес на терените на ФК Работнички, се одигра ново коло во детската фудбалска лига, во кое со по една екипа настапија генерациите на Вардар родени “2009“ и “2010“ година.

Кај најмладата генерација родени “2010“ година настап имаше само екипата на Вардар (2) која за противник го имаше тимот на Грозданоски. На овој меч бевме подобри од противникот и триумфиравме со резултат 3:1. Два гола беа дело на Петар Васоски, додека во листата на стрелци се запиша и Јован Спасовски. За противникот, Грозданоски погоди Симоновски Андреј, играч кој во есенскиот дел постигна три гола против нас кога исто така го совладавме овој противник  со 5-3.

1621

Еден натпревар во денешното коло од детската лига одигра и генерацијата “2009“ и и тоа Вардар (2) кој ја совлада екипата на Фортуна. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:3. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Јаков Стојковски, но успешно одбрани противничкиот голман. Сепак истиов играч во следната акција му донесе предност на Вардар од 1:0. Имавме можност набрзина да го зголемиме резултатот, но Вилијам Ангеловски не успева од пенал да го совлада голманот на Фортуна. Сепак избраниците на Златко Таневски постигнуваат и втор гол и го зголемуваат водството на 2:0 и тоа со прекрасен гол на Марко Петровски, кој од голема далечина бие во горниот десен агол. Повторно се најдовме во шанса, преку Стојковски, но одбрани голманот на противникот кој може да се каже дека денес беше најзаслужен што неговиот тим не претрпе поголем пораз. Се закани конечно и Фортуна, но резултатот остана непроменет. До крајот на првите 20 минути паднаа уште два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво црвено-црните преку Давид Колевски поведоа со 3:0, за во последната минута од првото полувреме, да намали Фортуна на 3:1, што беше и резултат на полувреме.

На стартот од вториот дел, Сулејман Качман ја погоди пречката од голот на Фортуна. Следи гол за противникот кој намали на 3:2, за Вардар да врати со вториот погодок на Јаков Стојковски за зголемена предност од 4:2. Поради невнимание во нашата одбрана дозволивме да примиме трет гол 4:3 и да го донесеме мечот во неизвесност. Можевме да го решиме победникот кога Петровски упати силен удар, но голманот на Фортуна уште еднаш ги покажа своите квалитети и успешно одбрани. Се обидоа до крајот на мечот уште и Гудов и Стојковски, но немаше тресење на мрежата. На крајот заслужен триумф за избраниците на Таневски од 4:3.