Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар без пораз и како први обезбедија пласман на Ф4, момците на Чивлачки одиграа реми со Пелистер во дуел без резултатско значење
Младинците на Вардар без пораз и како први обезбедија пласман на Ф4, момците на Чивлачки одиграа реми со Пелистер во дуел без резултатско значење

Младинците на Вардар без пораз и како први обезбедија пласман на Ф4, момците на Чивлачки одиграа реми со Пелистер во дуел без резултатско значење

Денес во салата “Кале“ во Скопје се одигра младинското ракометно дерби помеѓу РК Вардар како домаќин и тимот од Битола, екипата на РК Пелистер. До реми во еден возбудлив дуел со машка игра дојдоа момците на Чивлачки и Грчевски, тие останаа непоразени во групата и по овој дуел, мечот заврши 35-35. Со ова покажаа дека пласманот на Ф4 во младинска конкуренција кој од претходно е обезбеден е сосема заслужен, ова беше последно коло од групната фаза.

42

Тргнавме одлично на почетокот по 3.минути игра водевме со 2-0, а по 5.минути со “плус три“ 4-1. Следеа минути на зелено-белите тие со серија 1-6 се одлепија на 5-7 за нив. Следеше брза реакција на нашата клупа која веднаш побара минута одмор и тренерот Слободан Чивлачки подели совети за враќање во игра по падот.  Почнавме од минута во минута да газиме, игравме одлично во одбраната и казнуавме во нападот. Тоа донесе пресврт од два негатива отидовме на дури пет позитива, односно надокнадивме дури седум гола. Поведовме со  17-11 во 24.минута од натпреварот.  Противникот по овој шок проба да се консолидира по побараниот тајм-аут. Тие до крајот на првите 30.минути пробаа да не стигнат, но единствено успеаа да ја ублажат негативата. На одмор заминавме со три гола предност за нас, на семафорот стоеше 19-16 во корст на црвено-црните.

46 47

Вториот дел го отворивме одлично, на самиот почеток поведовме со плус четири, 21-17.  По пет минути игра ја задржавме таа предност и на семафрот во “Кале“ стеоеше 23-19 во наша корист. Со серија 0-3, зелено-белиот тим се врати во игра и намали на 23-22 во 39.минута, ние веднаш вративме со погодок за 24-22 и се вративме во позитива од два гола. Во 42.минута повторно видовме резултатска симетрија на семафорот во “Кале“, на истиот стоеше 24-24. И повторно се издигнавме кога е најтешко, со серија 3-0 поведовме со 27-24 точно на средината на вториот дел.  Сепак Пелистер се врати и изедначи и се до крајот се играше гол за гол околу ремито. Во последната минута влеговме со резултат 35-35, двата тима имаа по една прилика сепак неуспеаа да погодат.

43

 Вардар успеа во она што беше цел се пласиравме на Ф4, и тоа како првопласирани во нашата група без ниту еден неуспех на 14 дуела. Имавме дури 12. победи и само две нерешени во регуларниот дел. Кај нас прв стрелец беше: Ќосевски Ален со 11 гола,  Милошевски Христијан имаше  8 погодоци, а одличнен со двоцифрен број одбрани беше и Тушев Александар.

ВАРДАР: Состав/Стелци

ВАРДАР: Состав/Стрелци