Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 испорача “десетка“ во мрежата на ФК Кул, момците на Неделковски одиграа фантастично
ФК Вардар генер.2008  испорача “десетка“ во мрежата на ФК Кул, момците на Неделковски одиграа фантастично

ФК Вардар генер.2008 испорача “десетка“ во мрежата на ФК Кул, момците на Неделковски одиграа фантастично

Денес на терените на ФК Работнички се играа нови дуели од детската лига, ова беше петто пролетно коло. ФК Вардар  генер. “2008“  е сретна со тимот на ФК Кул (1), во меч во кој Павел Неделковски ги искористи играчите од тимовите (1) и (2) од оваа генерација дојдовме до победа со резултат 10-1. Во овој меч доминиравме во поголем дел од него.

34

Првиот дел почна со офанзива на црвено-црните  и целосна доминација, ние отворивме преку  Ненад Дамјановски кој погоди до дистанца за почетни 1-0. Потоа на сцена стапи Илија Митаноски со две одлични шанси по удар од дистанца, во првата ја погоди гредата во втората ефектно стрелаше за удвојување на водството, односно 0-2.  Денес ни одеше со удари од дистанца, па со два прекрасни удари најпрвин преку Стефан Бранковски погодивме за 3-0, веднаш потоа одлично погоди и Коста Бошковски за високи 4-0 за црвено-црните. Целосно доминиравме на теренот, една контра имаше противникот со која намали на 4-1. Потоа на во игра влезе Арти Азизи, тој трипати беше во прилика. Во првата голманот беше поуспешен од него, а во следните два погоди за 5-1 и 6-1 за нас. На крајот од првиот дел видовме два гола по одлино изведени акции, во првата Митаноски влезе во фор и асистираше до Стефан Бранковски кој беше непогрешлив за високи 7-1. Потоа пак Стефан Бранковски беше во улога на асистент, тој го пронајде низ одбраната одлично Стефан Марковски   кој рутинирано и смирено погоди за 8-1. Со овој резултат заминавме на одмор.

31

Вториот дел почна со замена на целиот тим, бидејќи немаше дуел тимот на Вардар (2) генер. “2008“ тие го одиграа вториот дел. Најпрвин започнавме со напад на противникот, сепак на голот Лука Грчевски беше на висина на задачата. Ние имавме повеќе од играта и во овој дел иако не бевме толку ефикасни како во првиот период. Топката на средината од теренот ја имаше Павел Андов, се одлучи за силен шут од 20.метра, топката заврши во аголот од голот на ФК Кул-1. Овој атрактивен погодок донесе предност од 9-1.

33

До крајот на вториот дел имавме три прилики за одбележување, во првата Јован Павловски шутна силно, сепак неговиот удар мина за малку над голот, во втората  Марко Марјановски изби сам сепак голманот на ФК Кул беше побрз. Во треттата и последната, Горазд Филиповски  од голема дистанца го проба шутот, тоа беше прекрасен погодок за 10-1. Токму со овој резултат се оконча овој дуел.