Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе: Во вечно сеќавање ќе ми остане натпреварот со Фенербахче во Истанбул, кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа
Фелипе: Во вечно сеќавање ќе ми остане натпреварот со Фенербахче во Истанбул, кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа

Фелипе: Во вечно сеќавање ќе ми остане натпреварот со Фенербахче во Истанбул, кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа

Натпреварот против Скопје беше 100-ти во црвено-црниот дрес за Хуан Фелипе, на кој успеа да се запише во листата на стрелци и да постигне нов евро-гол. За бразилецот тоа беше 75-ти првенствен натпревар, 14 меча има одиграно во Европа, 10 во Купот на Македонија и 1 во Супер-Купот на Македонија. До сега има освоено две шампионски титули, и еден Супер-Куп пехар. Денес клубот му додели дрес со бројот 100, по повод јубилејот во ФК Вардар. Фелипе се заблагодари за вниманието со надеж дека ќе одигра барем уште најмалку толку натпревари во црвено-црниот дрес.

-Се чувствувам нормално. Не ги бројам натпреварите, меѓутоа ми е драго што стигнав до овој јубилеј 100 натпревари во дресот на Вардар. Посакувам барем уште минимум 100 натпревари во овој тим. Чест ми е што сум дел од клубот, а уште подраго ми е што овој јубилеј дојде во моментите кога тимот го направи најголемиот успех во историјата и игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Фелипе важи за еден од најдобрите играчи на Вардар, кој секогаш дава максимум на теренот за неговиот тим да победи. Фелипе посака и во иднина пласман во големите европски натпреварувања, зошто да не и во групната фаза од лигата на шампионите.

-Секогаш кога ќе излезам на терен, имам само една мисла. Да дадам се од себе да се претставам во добро издание, и на крајот да му помогнам на тимот да победи. Среќен сум кога ќе постигнам гол, уште посреќен кога Вардар ќе успее да дојде до победата на секој натпревар. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона. Две години по ред ја освојувам титулата, и посакувам и во третата сезона во Вардар да го потворам тој успех. Од нас се очекува на секој натпревар да победуваме и на крајот да освојуваме пехари во сите натпреварувања. Во Европа секогаш одиме да се претставиме во добро издание и да обезбедиме учество во групна фаза. Оваа сезона ни успеа со пласманот во Лигата на Европа, што за нас претставува едно огромно искуство, а посакувам во иднина ова често да се случува, зошто да не влеземе и во групната фаза од Лигата на шампионите“, рече Бразилецот. 

Елиминацијата на Фенербахче и пласманот во групната фаза од ЛЕ, ќе остане во сеќавање на бразилецот, како досега најдобар момент откако настапува за Вардар.

-Уште од првиот ден одлично сум примен во екипата. Повеќе од две години сум тука од овој тим, доживеав одлични моменти, но во вечно сеќавање ќе ми остане натпреварот со Фенерахче во Истанбул, кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа, момент кој не се опишува со зборови. Кога стигнавме во Скопје бевме дочекани како вистински херои. Тоа доволно кажува што значи овој тим тука во Македонија и дека луѓето знаат да се радуваат на успесите. Сето тоа е за нас и дополнителен мотив да се обидеме во иднина да го повториме тој успех, дури и да го направиме уште поголем, истакна Фелипе.