Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Акција на РК Вардар: Собирање на книги што ќе бидат предадени на македонската заедница во Нашице, Хрватска.
Акција на РК Вардар: Собирање на книги што ќе бидат предадени на македонската заедница во Нашице, Хрватска.

Акција на РК Вардар: Собирање на книги што ќе бидат предадени на македонската заедница во Нашице, Хрватска.

Како најголем македонски спортски бренд Вардар отсекогаш се грижел за своите навивачи, подржувачи и пред сѐ сонародници без разлика каде и да се во светот. Нивната подршка секогаш многу ни значела, и среќни сме кога можеме заедно да се радуваме на успесите и да си помагаме меѓусебе.

РК Вардар организира акција за собирање на книги што ќе бидат предадени на македонската заедница во Нашице, Хрватска. На крајот од овој месец (28 ноември 2017) Вардар гостува во рамките од СЕХА Газпром лигата кај Нексе. Тогаш ќе им бидат испорачани сите собрани книги, и тоа во градската библиотека која изрази подготвеност да ја збогати својата збирка на книги што ќе ги користат нашите сонародници во Нашице и околината.

Сите играчи од составот на Вардар во машкиот и женски клуб, заедно со целокупната клупска администрација со задоволство прифатија да учествуваат во акцијата за собирање на книги за македонската заедница во Нашице.
Во следните денови сите тие ќе донираат книги што потоа ќе бидат предадени на македонската заедница.

Потребни се книги на македонски јазин, по можност од македонски автори, или пак популарна белетристика преведена на македонски јазик. Нема ограничен број на книги, ниту наслови. Најважно е да бидат на македонски јазик.

Вардар ги повикува сите свои навивачи, подржувачи и пред сѐ граѓани кои сакаат да бидат дел од оваа акција, да ги достават книгите во СЦ „Јане Сандански” на билетарницата, секој работен ден од 10 до 18 часот.

Очекуваме сите да донираме книги според своите можности и да им овозможиме на нашите сонародници да имаа ново четиво за читање и подобро изучување на македонскиот јазик.

За сите дополнителни информации за акцијата можете да се информирате на следниот телефон:
++ 390 2 2400 075
или на е-маил: contact@rkvardar.com

Целиот текст е превземен од официјалната страна на клубот.