Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Позната судиска двојка на дуелот ФТЦ – Вардар
Позната судиска двојка на дуелот ФТЦ – Вардар

Позната судиска двојка на дуелот ФТЦ – Вардар

Во сабота ЖРК Вардар ќе гостува во Унгарија кај тимот на ФТЦ. Ова ќе биде најсериозен тест за Вардарки од почетокот на оваа натпреварувачка сезона. За овој дерби дуел кој ќе биде одигран во Унгарија, главни судии ќе бидат сестрите Џули и Шарлот Бонавентура од Франција.

Оваа судиска двојка голем број на наврати им судела на Вардарки, се надеваме дека и овој пат ќе биде среќна по нив. Натпреварот в сабота започнува со почеток во 13 часот и 30 минути. Со победа Вардарки ќе го осигураат првото место во група.