Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар ја „надигра“ Црвена Ѕвезда“ но загуби во пенал серијата, генерацијата 2008 е освојувач на среброто на турнирот „Кул Куп“
Вардар ја „надигра“ Црвена Ѕвезда“ но загуби во пенал серијата, генерацијата 2008 е освојувач на среброто на турнирот „Кул Куп“

Вардар ја „надигра“ Црвена Ѕвезда“ но загуби во пенал серијата, генерацијата 2008 е освојувач на среброто на турнирот „Кул Куп“

Генерацијата 2008 на ФК Вардар го освои сребрениот медал на меѓународниот младински турнир „Кул Куп“ кој овие три дена се играше на стадионот на ФК Цементарница. Во големото финале, екипата на Црвена Ѕвезда беше посреќна во пенал серијата, која ја доби со резултат 3:2

Штета што во регуларниот дел не ја победивме екипата на Црвена Ѕвезда, имавме повеќе шанси од противникот и можевме во регуларниот дел да победиме, сепак можеби и среќата не беше на наша страна. Екипата од Србија изгледаше доминантна само во дуелите, со оглед дека нивните играчи конституциски беа поголеми од нашите, но Вардар технички покажа многу повеќе од големиот противник, дури и како што напоменавме имавме повеќе шанси од противникот. Првиот удар го имаше Ѕвезда, но ударот оди крај голот. Огнен Бојковски ја имаше првата голема прилика да го отвори резултатот, откако шутираше силно, но ја погоди само пречката од голот, иако голманот на Црвена Ѕвезда, интервенираше, доволно да не заврши во голот. На ова финале настапи и Александар Грашески, кој прикажа одлична игра, токму тој имаше еден продор, шутираше, но топката оди над голот.

1 2 3 4

Имавме иницијатива на теренот, во еден период српската екипа се бранеше на својата половина. Нова шанса имавме преку Блажевски Петар, но одбрани голманот на Ѕвезда, слободно ќе кажеме најзаслужниот што неговиот тим победи во ова големо финале. Вардар успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со голот на Стефан Бранковски, нашиот играч со лоб удар со глава го матира противничкиот голман, за предност на Вардар од 1:0. Се закани и Ц.Ѕвезда, но одбрани голманот Лука Грчевски. После една добра акција, противникот успеа да израмни на 1:1. До крајот на мечот, избраниците на Петар Ѓорѓиески се обидоа да го загрозат голот, но противникот беше внимателен и не дозволи некоја поголема опасност. Мечот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 1:1.

Во пенал серијата, екипата на Црвена Ѕвезда беше посреќна и славеше со резултат 3:2. Тимот од Србија ги погоди сите удари од белата точка, додека Вардар погоди два пенали, промаши само Грашески, односно голманот одбрани, додека сигурни од белата точка беа Азизи и Бојковски.

5 6 7

Честитки до нашата генерација, која се држеше одлично во ова финале против големата Ц.Ѕвезда. Вардар ќе напоменеме покакажа многу повеќе и заслужи да победи во ова финале. Заморот може си го направи своето, денес само одигравме три натпревари, со само еден саат пауза меѓу мечевите, што резултираше неколку играчи да се пожалат на повреда и да не можат да настапат во големото финале на турнирот „Кул Куп“.

8 9