Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2007 убедливо го победи Талент и го освои бронзениот медал на „Кул Куп“
Вардаровата генер. 2007 убедливо го победи Талент и го освои бронзениот медал на „Кул Куп“

Вардаровата генер. 2007 убедливо го победи Талент и го освои бронзениот медал на „Кул Куп“

Генерацијата 2007 на ФК Вардар го освои бронзениот медал на турнирот „Кул Куп“. Избраниците на Горан Петрески во малото финале убедливо ја совладаа екипата на Талент од Битола (5:1).

Самиот резултат говори за одразот на силите на двете стани и квалитетот на екипите. Вардар покажа многу повеќе и на крајот заслужено го освои третото место на турнирот. Резултатот на овој меч за 1:0 го отвори Лука Атанасовски, кој погоди со глава, откако од корнер топка нафрли Томовски. После една нашата грешка примивме гол, екипата на Талент бргу го израмни резултатот на 1:1, но тоа беше се што сторија на овој меч. Вардарци имаа целосна доминација на теренот, создаваше постојано шанси кон голот на битолчани. Се закани Младеновски, но одбрани голманот, додека за ново водство на нашиот тим се погрижи Иван Блажевски, повторно погодуваме со глава за 2:1 и повторно после нафрлена топка на Томовски.

1 2 3 4

Удар имаше и екипата на Талент кој заврши крај на нашиот гол. Надмоќноста, нашите млади надежи до крајот на мечот ја крунисаа со уште три голови.Стефан Младеновски се запишува во листата на стрелци за зголемување на 3:1, додека прв гол денес постигна и Борјан Томовски, кој погоди за 4:1, после додавање од Младеновски. За „петарда“ во противничката мрежа со својот втор гол се погрижи Томовски, кој ги постави конечните 5:1 на овој дуел за бронзениот медал.

5 6

Вардар немаше среќа да игра во големото финале откако бевме поразени од екипата на Албарса, после изведување на удари од белата точка. Одигравме вкупно шест меча на турнирот, имавме скор од пет победи и еден пораз. Лука Јаневски од редовите на Вардар доби награда за најдобар голман на турнирот „Кул Куп“

70024143_2408681295845369_5686455632396288000_n