Изминативе три дена на стадионот на ФК Цементарница се одигра 5.издание на младинскиот меѓународен турнир „Кул Куп“. Вардар учествуваше со четири генерации, а успеавме да освоиме еден сребрен и бронзен медал.
Покрај додеување на трофеи и медали за најдобрите екипи, се доделуваа и поединечни признанија за најдобар играч и голман на завршниот турнир. Лука Јаневски од Вардар беше прогласен за најдобар голман на „Кул Куп“ кај генерацијата 2007. Лука одлично бранеше на турнирот и заслужено стигна до наградата.