Генерацијата 2010 на фудбаскиот клуб Вардар се наоѓа во Бугарија, каде дел од меѓународниот младински турнир „Дупница Куп“. Денес момците на Влатко Колев одиграа три натпревари и сите ги добија во своја корист.
Турнирот го отворивме со дуел против екипата на Хлапетата од Бугарија, која ја совладавме убедливо со резултат 5:1. На овој дуел по два гола постигнаа Благојче Седлоски и Стефан Ристиќ, додека Далибор Марковиќ постигна еден гол.
Нашите млади надежи забележаа висока победа и на вториот меч на турнирот. Противник ни беше тимот на Ќустендил, кој го победивме со резултат 5:2. Хет-трик на овој натпревар постигна Благојче Седлоски, додека еден погодок беа за Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ.
Во четврт-финалето повторно се сретнавме со екипата на Хлапетата, која повторно ја добивме, овој пат со резултат 3:1. Повторно голгетерски расположени беа Стефан Ристиќ кој постигна два гола, додека еден беше за Благојче Седлоски.
Утре го играме полуфиналето на турнирот, против екипата на Фуд Школа-Филип Филиповиќ.