Вардарки газат безмислосно во Супер лигата, тие дојдоа до 3/3. Денес имаа тежок ден, најпрвин поради технички проблеми нивниот пат до Струга траеше двојно од нормалното, таму ги пречека силен и мотивиран ривал. Против тимот кој секогаш игра одлично дома, Стружанка остваривме победа со пресврт во последните минути. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев победија со 25-29.
Голема борба се водеше во приот период, двата тима ја поскауваа победата па резултатски беа блиску. Вардарки одолеваа на нападите на ривалот и успеаа да влезат во последните две минути со предност од два гола, односно водевме 12-14 во 28.минута. Сепак пркосните домаќинки успеаа да погодат два пати на крајот и го однесоа дуелот на одмор со неизвеснен резултат, 14-14.
Вториот дел започна изедначено, сепак како што минуваше средината на ова полувреме домаќинот поведуваше, а ние моравме да се враќаме. Најголемата предност стружанки ја имаа кога поведоа со 22-19, ние бевме на работ на безната. Ама не може и не смее никогаш да се отпише Вардар, тоа го покажавме и денес. Со серија 0-4 го преземавме водството и поведовме со 22-23, сепак домаќиниот повторно изнајде сила за егал. Тие се вратија и изедначија на 24-24 во 54.минута. Се беше отворено, тогаш вардарки заиграа одлично во одбраната, Илиќ имаше клучи одбрани во тие моменти. Во нападот денес одличната и супериорна во однос на риалите, Бојана Диневска одигра капитенски, погоди 4.пати. Со серија 1-5 кога беше клучно ние победивме со 25-29.
Кај нас прв стрелец беше капитенот Бојана Диневска, таа одигра феноменален дуел и погоди 10.пати од игра. Андреа Илиќ впиша 11.одбрани, Седлоска Андреа постигна 9.погодока (4 од пенал). Другиот голман Симона Грујовска даде придонес со 4 одбрани во оваа победа. По три гола имаа, Ангела Гроздановска и Ива Јаковчевска.