Во Вардар никогаш до сега не биле собрани толку легенди на клубот, но и останати личности кои оставиле траг во Македонскиот фудбал. На завршниот ден на турнирот “Гази Баба куп 2017“ кај генерација родени “2007“ година кој се одржа на теренот на академијата на ФК Вардар беа присутни, Дарко Панчев, Александар Бајевски, Бобан Бабунски, Сашо Милошевски, Сашо Тодоровски, како и новиот координатор во младинската школа на ФК Вардар ( петлиња), поранешниот репрезентативец на Македонија и играч на наеколку екипи во Холандија, Ѓорѓи Христов, се само дел од имињата кои во моментов работат во младинската школа на клубот.