Вардар на убедлив начин ја отвори новата сезона во СЕХА лигата, совладувајќи ја екипата на Металург во градското дерби. Од самиот почеток на мечот црвено-црните го превземаа водството кое само го зголемваа до крајот на натпреварот. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на прес-конференцијата по мечот изјави:
“Овој меч беше доста тежок, морам да кажам дека секогаш првите натпревари се тешки. Нашата одбрана од 6-0 и на овој натпревар добро функционираше, а ние погодувавме во контранападите и клучните моменти. Металург и оваа сезона е добар тим, имаат доста нови играчи, сигурен сум дека во иднина ќе бидат подобри, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.