Одбојкарскиот клуб Вардар во новата сезона драстично ќе влезе засилен со тројца нови одбојкари. Старо – нови играчи на нашиот тим се искусните Клопчески и Ангеловски, како и Филип Блажовски.
Клопчески и Ангеловски во тимот на Вардар настапуваа се до полусезоната, потоа едниот замина во ОК Лешок а другиот во шампионатот на Романија.
Клопчески и Ангеловски се веќе долгогодишни репрезентативци на Македонија.