По Хамбарџумјан и Барсегјан, уште четворица играчи од редовите на Вардар настапија за своите фудбалски репрезентации.
Дарко Велковски, Бобан Николов и Висар Муслиу беа стартери за Македонија на вчерашниот натпревар против Израел. Велковски и Муслиу во стоперски тандем одиграа без грешка, нашите млади играчи покажаа дека во иднина сериозно може да се смета на нив и во дресот на Вардар. Покрај нив, Бобан Николов исто така одигра одлично се до 63. минута кога го напушти теренот. Македонија го победи Израел со 0:1 со голот на Горан Пандев.
Покрај овие играчи и Џигаури се најде во почетниот состав на Грузија против репрезентацијата на Ирска. Нашиот играч во игра остана се до 75. минута, според информациите и Џигаури одиграл солидно. Грузија и Ирска одиграа без победник 1:1.