Вчера нашиот РК Вардар ја почна со победа во градското дерби против Металург од 32-23 (16-11) новата сезона во регионалната лига. Со оваа победа вардарци тргнаа триумфално и покажаа кој е шампион покрај на регионалното натпреварување и на стариот континент. Во нашите редови прв стрелец беше русинот Тимур Дибиров, тој погоди ефектно дури пет пати тоа од само шест обида. Сето тоа беше доволно СЕХА да го прогласи за играч на мечот.