Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски трет пат во кариерата ке трча на Охридскиот маратон
Атлетика! Завировски трет пат во кариерата ке трча на Охридскиот маратон

Атлетика! Завировски трет пат во кариерата ке трча на Охридскиот маратон

 Вардарецот Петре Завировски по трет пат во својата кариера ке настапи на Охридскиот атлетски маратон. Прв пат трчаше во 2012 година, пред половина девенија тогаш тој беше младо голобрадо момче во црвено-црниот свет дрес.

Тогаш како 18 годишно момче веројатно воопшто и незнаеше што значи и каква тежина има Охридскиот маратон. Но неговиот херојски подвиг тогаш го заврши со резултат од 2 часа и 41 минута. Следен настап на Завировски на Охридскиот маратон беше две години подоцна, односно во  2014 година.

21291566_10209421478363728_1408488350_n

 Тогаш непосредно пред настапот на светското првенство во планинско трчење кое се одржа во Касете Ди Маса во Италија. Завировски со добар перформанс финишираше со резултат од 2 часа 4 минути и 59 секунди. Во Петок на денот на независноста на Македонија по трет пат Вардарецот ке настапи на 30 километарската патека од Свети “Наум“ до Охрид. Во моментот незнаеме во каква форма е Завировски бидејки нема настап уште од мај кога не успеа да финишира на Скопскиот маратон. По што имаше пауза од два ипол месеци. Сега со само 7 недели тренинг ке се обиде успешно да го финишира Охридскиот маратон!

21269522_10209421479403754_123377015_n