Првиот голман на Вардар на вчерашниот натпревар против Металург, Страхиња Милиќ по натпреварот изјави дека неговиот тим во ниту еден момент не се опуштил што бил еден од клучните фактори за убедливата победа.
“Имавме добар пристап на овој меч, не се опуштивме во ниту една секунда. Формата се разбира дека не ни е на ниво на која што сакаме, но ќе работиме напорно да ја подигнеме. Би сакал да им посакам среќа на Металург понатаму во СЕХА-лигата и ЛШ“, изјави Милиќ.
Голманот на Вардар успеа да забележи шест одбрани.