Вчера во С.Ц. “Борис Трајковски“ во Скопје новата сезона во СЕХА лигата ја почна со победа во градското дерби со Металург, нашиот Вардар. Тимот на црвено-црните триумфираше со резултат 32-23 (16-11) продолжувајќи ја традицијата на победи во воведните натпревари од сезоната во регионалната лига против Металург.
