Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и оваа сезона е неколку класи подобар од тимот на Металург
Вардар и оваа сезона е неколку класи подобар од тимот на Металург

Вардар и оваа сезона е неколку класи подобар од тимот на Металург

Вардар лесно се справи со скопскиот ривал Металург и ја запиша првата победа во овогодинешната СЕХА Газпром лига. Европскиот шампион во ниту еден момент од натпреварот немаше проблеми против тимот од Автокоманда, Вардарци овој натпревар го добија со резултат 23-32 (11-16).

Вардар и Металург отворија изедначено, по првите 5 минути резултатот гласеше 2-2, по петата минута Вардар додаде во нова брзина и како одминуваше натпреварот така и си ја зголемуваше својата разлика. Веќе во 9 минута со голот на новото засилување Кристопанс, Вардар дојде до предност од 5-3, серијата на погодоци Вардар ја продолжи и во продолжението од мечот, веќе во 10 минута со голот на Дибиров од контра напад нашиот тим дојде и на комотни 6-3. Следни кои се запишаа во листата кај Вардар беа Карачиќ и Стоилов за високи плус пет во 14 минута. Следуваше серија на капитенот Стоилов од три голови за убедлива предност од 11-5 веќе во 21 минута. До крајот на првиот дел Вардар ја одржуваше постојаната разлика која во некој моменти достигнуваше и шест голови, на полувреме Вардар замина со предност од плус пет, 16-11.

Вториот дел со гол го отвори Гуглета, за намалување на предноста на Вардар на минус пет. На почетокот на вториот дел во Вардар за прв пат на овој дуел влегоа Македа и Шишкарев, додека пак Милиќ продолжи да го чува голот и во вториот дел. Токму со головите на Шишкарев и Македа, Вардар во 38 минута дојде на 19-13. Ретки беа ваквите моменти, во 40 минута Милиќ извонредно му фати чист зицер на Вања Илиќ, гледачите знаеа ова да го отпоздрават, тоа беше петата одбрана на популарниот Џамбо. Со мини серија од два гола, Металург намали на минус четири во 44 минута, серијата на противникот ја прекина Дибиров со неговиот четврти погодок денеска за нови плус пет за нашиот тим. Во 49 минута и Милиќ се запиша во листата на стрелците, две минути подоцна во игра на негово место влезе младиот голман Ѓорѓески. Во последните десет минути и двата тренери им дадоа шанса на играчите кои помалку добиваат минутажа. Ѓорѓески на оваа средба фати четири топки. До крајот на мечот и Војводиќ се запиша во листата на стрелците кај Вардар.

Комитите и на оваа средба му беа од голема помош на Вардар.