Денес на арената Филип Втори се одигра градското фудбалско дерби помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Истиот заврши без победник, со нерешен резултат 2:2. Иако на два пати Вардар имаше водство, сепак противникот успеваше да врати. Стрелци на головите за Вардар беа Џигаури и Барсегјан.
Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Алексовски, Попов, Новак, Брдаровски, Глишиќ, Спировски, Велковски, Николов, Џигаури, Боарето, Барсегјан.
Вардар беше подобрата екипата на теренот создавајќи неколку добри шанси за гол, од кои една имаше и реализација. Уште на стартот на дурлот можевме да го отвориме резултатот, доколку Николов и Спировски беа поснаодливи пред голот на Работнички. Во оваа ситауција, голманот на Работнички спречи негатива, интервенирајќи во два наврати. Две минути подоцна удар кон нашиот гол имаше домашната екипа, но ништо опасно за голманот Алексовски. Најголемата прилика за гол ја имавме во 14 минута од дуелот кога Грузискиот интернационалец додаде топка до Боарето, кој изби сам со голманот на Работнички, кој брани и повторно излегува како победник, во тие моменти тој е еден од најзаслужните што неговата екипа нема негатива. Поранешниот играч на Вардар, Филип Ивановски се најде во прилика да го загрози нашиот гол, но Алексовски е присебен кој ја прифаќа топкат во рацете. Конечно Вардар после доминацијат на теренот успева да постигне гол и да го отвори резултатот. Стрелец на голот за 0:1 е Џигаури, кој доби топка од Николов, бие небрането во долниот лев агол за предност. Во судиското продолжение, тимот на Работнички имаше шанса преку Вуковиќ,, кој ја погоди пречката од голот на Вардар. На полувреме заминавме со водство од 0:1.
По само десет минути игра во второто полувреме, екипата на Работнички успева да го израмни резултатот на 1:1. Од корнер со глава топката во нашиот гол ја смести Садики за израмнување. Сепак радоста на Работнички не траеше многу време, бидејќи по само шест минути, односно во 60 минута, црвено-црните постигнуваат нов гол и го враќаат водството. Успешно стрела во долниот лев агол, Барсегјан кој го менува резултатот на 1:2. Гледавме динамичен натпревар, каде двете кипи имаа свои шанси. Имавме среќа кога при една испуштена топка на голманот Алексовски, Новак интервенираше од самата гол линија и спаси чист погодок. Во нашиот состав беа направени две измени. Во игра влегоа Николов и Блажевски, на местото на Боарето и Велковски. Џигаруи имаше можност за нов гол, но неговиот удар оди наф голот на Шишковски. Сепак на три минути пред крајот на мечот, екипата на Работнички успева да го израмни резултатот на 2:2. При нафрлена топка, најдобро се снајде Силјановски кој бие прецизно за ново израмнување. До крајот немше поголеми возбудувања, па натпреварот заврши со резултат 2:2.