Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров: Ако сакаме да играме во Европа, во Лигата на шампионите и да бидеме конкуренти треба поголеми вложувања
Грнчаров: Ако сакаме да играме во Европа, во Лигата на шампионите и да бидеме конкуренти треба поголеми вложувања

Грнчаров: Ако сакаме да играме во Европа, во Лигата на шампионите и да бидеме конкуренти треба поголеми вложувања

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров по ремито на својот тим, изјави дека Вардар на овој натпревар требал да ги освои сите три бодови. Исто така Грнчаров потенцираше дека доколку Вардар сака успех во Л.Ш, тогаш ќе треба да се вложува многу повеќе.

“Целосно заслуживме да победиме на овој дуел. Имавме многу повеќе шанси, но не ги искористивме. Покажавме дека можеме да се носиме со Розенборг, а пак од другите две екипи сме далеку. Ако сакаме да играме во Европа, во Лигата на шампионите и да бидеме конкуренти, треба поголеми вложувања, изјави Грнчаров.