Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за Вардаровата генер. “2005“ , за крај на есенскиот дел во детската лига
Победа и пораз за Вардаровата генер. “2005“ , за крај на есенскиот дел во детската лига

Победа и пораз за Вардаровата генер. “2005“ , за крај на есенскиот дел во детската лига

Денес на терените на ФФМ последното есенско коло во детската лига го одигра генерацијата родени “2005“ година на фудбалскиот клуб Вардар. Избраниците на Ане Андовски одиграа два натпревари, на кои забележаа една победа и пораз. Инаку ова беше прв пораз за оваа шампионска генерација во новата сезона.

Вардар (1) рутински и со половина од своите сили ја доби екипата на Македонија Ѓ.П, која ја совлада убедливо со резултат од 20:0. Стрелците на овој натпревар беа и повеќе од расположени, иако можеше да биде триумф и изразен и со поголема разлика. Самиот резултат говори за одразот на силите на теренот, а Вардар беше надмоќен над екипата од Ѓорче, која според квалитетот е далеку од Вардар. Најдобриот стрелц на оваа генерација, Никола Величковски продолжува да ги полни противничките мрежи и тој денес постигна пет голови. Дури четворица играчи имаа хет-трик зад нивното име. Се работи за Тино Спасиќ, Арбин Курти, Филип Јовановски и Давор Лефковски, додека два гола беа дело на Влатко Кулуковски. Во листата на стрелци на денешниот меч се запиша и Зоран Фидановски кој беше стрелец на еден погодок. На тој начин Вардар (1) со максимален број на освоени бодови го заврши есенскиот дел од сезоната, на првото место во својата група.

Вардар (2) неочекувано и изненадувачки загуби од екипата на Гоблен, која доаѓа од Куманово. Лоша игра денес на овој тим на Вардар, кој знае да одигр добро и да прикаже многу подобра игра од денешниот меч, но изгледа денес не им беше денот, па го претпреа и првиот пораз во оваа натпреварувачка сезона. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:3. Стрелец на двата гола за Вардар беше Ѓорѓи Дошев.