Тимот на Вардар неможе да здивне во ниту еден момент посебно во овој месец декември. Играчите на Вардар по натпреварот со Розенборг, за три дена ги очекува нов дуел, овој пат во ПМФЛ.
Вардар во заостанатиот натпревар, в недела на Градскиот стадион ќе го пречека тимот на Академија Пандев. Ова значи дека овие два тима одново ќе одиграат натпревар, но овој пат во Скопје а не во Струмица. По овој натпревар, ќе останат уште два за црвено – црните до крајот на годината, еден против Работнички, и еден во Купот против тимот на Слога.