Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа, нерешен резултат и пораз на првиот натпреварувачки ден на турнирот “Метковиќ 2017“ , за екипите на РК Вардар
Победа, нерешен резултат и пораз на првиот натпреварувачки ден на турнирот “Метковиќ 2017“ , за екипите на РК Вардар

Победа, нерешен резултат и пораз на првиот натпреварувачки ден на турнирот “Метковиќ 2017“ , за екипите на РК Вардар

Денес старуваше 12 издание на силниот меѓународен ракометен турнир “Метковиќ 2017“, на кој се натпреваруваат и две генерации на ракометниот клуб Вардар. Кадетките на Вардар одиграа два натпревари и забележаа една победа и пораз. Треба да се напомене дека на турниров се натпреваруваме со екипи кои се две години повозрасни од нашите ракометарки, а екипата ја води Марија Папуџиева.

На првиот меч кадетките се сретнаа со екипата на Катарина-Мостар, од која бевме минимално поразени со резултат 21:22. Во најголем дел од натпреварот противникот имаше предност, која не беше поголема од два гола разлика. Се играше воглавно израмнето, но возраста си го направи своето, па на крајот екипата од Босна ги освои првите бодови на турнирот. Противникот како што напоменавме имаше во некоку наврати водство од два гола (3:5, 4:6) како и со еден гол, но Вардарки со два последоваелни голови поведоа со 9:8. Израмни екипата на Катарина на 9:9, за црвено-црните да постигнат два нови голови (11:9), но до крајот на првото полувреме израмни екипата од Босна, па на полувреме се замина со нерешен резултат од 11:11. Во текот на целото второ полувреме, противникот имаше предност, која се движеше од 1-2 гола разлика, за на крајот да слави минимално со резултат од 21:22. Андреа Седлоска беше убедливо најефикасна постигнувајќи 7 голови, додека по 2 постигнаа Катерина Дамјановска, Стефанија Ѓорѓиевска, Мирјана Петковска, Стефанија Софтовска, Сара Миновска и Марија Галевска.

На вториот дуел бевме многу подобри, на кој го “прегазивме“ домашниот тим на Метковиќ. Противникот имаше само едно и единствено водство и тоа во првата минута кога поведе со 1:0, по што следуваше серија на Вардарки од пет последователни голови и водство од 1:5. До крајот на мечот ја задржавме оваа предност и стигнавме до првата победа на турнирот. Во следните три минути и двете екипи постигнаа по два гола, за црвено-црните да ги одржат четирите гола разлика (3:7). Екипата на Метковиќ успева со подобра игра да се доближи на само еден гол негатива (8:9), но во следниот период следеше серија на Вардар од 2:7 за да стигне до солидно водство од 10:16. Стигнавме и до највисоки седум голови позитива (11:18), но му дозволивме на Метковиќ да направи серија од 4:0 и да намали на 15:18. Сепак Вардар успеа да ја зачува предноста и на крајот да слави со резултат од 20:22. Повторно најефикасна беше Андреа Седлоска која постигна 6 голови, додека по 4 дадоа Мирјана Петковска, Ангела Костовиќ и Марија Галевска.

Во текот на утрешниот ден не очекуваат уште ва нови натпревар, против екипите на Далматинска и Сплит.

Пионерките на РК Вардар, новата генерација на клубот, ракометарки родени 2004/05 година стартуваа со нерешен резултат на турнирот. Избраничките на Анжела Платон во првото коло се сретнаа со екипата на Петесон Врањиќ, натпревар кој заврши со нерешен резултат (13:13). Вардар имаше добар старт на натпреварот кога поведе со 4:1, но кратко траеше предноста бидејќи противникот направи серија од 0:3 и да го израмни резултатот на 4:4. Од тие моменти, Петесон го превзема водството и имаше контрола на резултатот се до последните две минут, кога црвено-црните стигнаа до израмнување. Противникот имаше предност од 6:8, 7:10, 9:11 и 11:13, но Вардарки ги постигнаа последните два гола на натпреварот и на крајот успеаа да освојат бод. Бојана Коцева постигна 5 , додека Мила Пешиќ додаде 4 голови. Во листата на стрелци со 3 гола се запиша Борјана Коцева, додека еден гол беше дело на Ива Ангеловска.

Пинерките на Вардар во текот на утрешниот ден ќе одиграат дури три натпревари, а за противници ги имаме тимовите на Зрински, Метковиќ и Будуќност.