Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, убедливо совладана Македонија Ѓ.П, на заостанат натпревар
Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, убедливо совладана Македонија Ѓ.П, на заостанат натпревар

Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, убедливо совладана Македонија Ѓ.П, на заостанат натпревар

Младинците на РК Вардар со триумф го завршија есенскиот дел од сезоната, откако славеа на заостанат натпревар од првото коло, против екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот се одигра на Кале и заврши со убедлив триумф на црвено-црните со резултат од 47:28.

Импресивно започна мечот за нашите младинци кои поведоа со 8:0, за првиот гол да го постигне и гостинската екипа. Делувавме разиграно и речиси во секоја минута постигнувавме голови. По првото полувреме имавме убедливо водство од 26:11, по што беше јасен победникот на овој меч од младинската група 1. Во вториот дел постигнавме помалку голови, но иамвем целосна контрола на резултатот и не дозволивме на противникот да ја намали негативата. Најефикасен кај Вардар беше Васе Наков со 8 голови, додека еден помалку постигна Антониј Мисаилески.

Вардар: Давитков, Мишоски 1, Анѓелкоски 2, Ќосевски 8, Милошески 3, Алији 3, Митевски, Крстевски 3,  Петковски, Олтовски 4, Бикоски 3, Тушев, Мисаилески 7, Ѓорѓиев 2, Наков 8,  Радуловиќ 3.

Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната на првото место со 19 освоени бодови. Избраниците на Чвлачки и Грчевски имаат шест победи и еден нерешен резултат.