Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Сите честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревари издвојувавме три победи и еден нерешен натпревар
Јаневски: Сите честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревари издвојувавме три победи и еден нерешен натпревар

Јаневски: Сите честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревари издвојувавме три победи и еден нерешен натпревар

Вардар успеа да слави на реванш натпреварот во осминафиналето на купот против екипата на Шкупи (0:2) и да се палсира во осумте најдобри на ова натпреварување. На првиот меч одигран на ситиов терен, на кој црвено-црните беа домаќини, мечот заврши со нерешен резултат (1:1), но затоа Вардарци успеа да излезат како победник на овој реванш натпревар. Денес успешно стрелаа Бобан Николов и Максим Максимов. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чеде Јаневски искажа задоволство од залагањето на неговите играчи и од пласманот во следната рунда. Тој за официјалната стрнаа на клубот го изјави следново:

-Сите честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревар издвојувавме три победи и еден нерешен натпревар. И тоа во месец кој е многу тежок за играње. Фудбалерите беа максимално ангажирани, фокусирани и ментално одлично подготвени. Во период кога сите останати екипи се на одмор, тие тренираа далеку подолг период, и на ваков терен покажаа победнички менталитет. Што се однесува до самиот меч многу е тешко да се гради игра кога имате противник кој има дефанзивна формација. Не сакам никој погрешно да ме разбере, секој си има своја филозофија и стратетија. Во вториот дел бевме далеку подобри, создадовме шанси, постигнавме голови, и сметам дека заслужено одиме понатаму. Сега ни останува прво да се одмориме од оваа напорна полусезона, а потоа да се подготвуваме за пролетниот дел од првенството